Живот
31. March 2017 - 23:56

ХОРОР: Мајка на Фејсбук дознала дека загинала ќерка и!

Една мајка (47) на Фејсбук дознала дека нејзината ќерка (21) загинала во сообраќајка.

Британката Дебора Бирн на оваа социјална мрежа забележала постови од пријателите на ќерка и кои оставале пораки RIP (почивај во мир), како и коментари дека „заминала прерано“ и дека „не можат да поверуваат дека тоа се случило“.

„Тогаш пријателка на мојата загината ќерка изјави сочувство. Прашав што се случува и добив одговор дека се случила страшна несреќа. Почнав да врескам“, раскажува Дебора, мајка на уште две деца.

Оваа жена веднаш ја повикала својата сестра, набрзо стигнал и нејзиниот поранешен маж, па повикале полиција.

Ќерката и загинала на 22 март, а дури на 23 во 13 часот добила потврда од полицијата. Во несреќата загинале и тројца пријатели на младата Броган. Биле стари 23, 25 и 26 години. Броган и нејзините пријатели се враќале од фестивал во Бристол.

Подоцна било утврдено дека возачот бил пијан.