Хорор ја стресе Македонија: Го убил брата си, па се обидел да убие и 14 годишно дете
Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство – Прилеп до судија на претходна постапка поднесе барање за определување на мерка притвор за едно лице од с. Алданци, Крушево, за кое постои основано сомнение дека сторил кривични дела – Убиство и Убиство во обид.
Осомничениот се товари дека со умисла на свиреп начин го лишил од живот неговиот брат, напаѓајќи го најпрвин со секира со дрвена рачка во нивната семејна куќа, а потоа продолжил да го удира во пределот на главата со метална водоводна поцинкувана цевка додека не го усмртил.
По извршеното убиство, осомничениот се упатил кон куќа во непосредна близина каде што со истата метална водоводна цевка се обидел да лиши од живот едно 14-годишно дете, но притоа бил спречен од соседите кои го фатиле. Детето со телесни повреди е пренесено во болницата во Прилеп каде му е укажана лекарска помош и се наоѓа надвор од животна опасност.
Судијата на претходна постапка го прифати предлогот од надлежниот јавен обвинител и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-

Ван Дајк: Сите сме разочарани
-

Меси прв фудбалер во историјата на фудбалот со 1.300 голови+асистенции
-

Зголемено нивото на повеќе реки во земјава
-

Јаневска: Квалитетот на образованието во фокусот на Нацрт-стратегијата 2026-2032, од денеска документот е на јавна расправа на ЕНЕР
-

Туристи жртви на ВИ-измама за „божиќен базар“ пред Бакингемската палата
-

Силвио Мировски ја донесе првата победа за Македонија на Светското ВАКО првенство за сениори во кик бокс во Абу Даби
-

Водата во Скопје безбедна за пиење
-

Во Берово утрово најстудено, -4 степени
