Живот
2. May 2018 - 12:30

Хорор: Го оставиле синот (7) да преспие кај дадилката, утрото го нашле мртов во када

Седумгодишното дете Оле е пронајдено мртво во када во куќата на дадилката која го чувала.

Родителите во текот на ноќта го оставиле детето на чување кај дадилката Елизабет С. (69) во германскиот град Кинцелсау. Во саботата наутро таткото го пронајде безживотното тело на детето во када.

Детето се задавило, а веројатно веќе било мртво кога е оставено во кадата.

Кога родителите дошле по синот, никој не им отворал врата, која на на крајот ја отворил соседот.

На родителите не им е јасно што се случило зопшто жената кај која го оставиле детето да преспие ја познавале долго вре,е.

Секогаш беше љубезна, а нивниот син повремено го чувала последните пет години. Детето со задоволство одело кај неа. Родителите во Елизабет имале целосна доверба.

Елизабет С. исчезнала и се вратила дури во саботата вечер во куќата. Соседката ја видела вдовицата кога се вратила и повикала полициајта. Жената е уапсена.

Меѓутоа обдукцијата покажала дека детето се задавило со гума за џвакање која е пронајдена во неговото грло, и дека жената во паника, потоа го ставила во када.