Хорнер останува во Ред Бул до 2030 година
Шефот на Формула 1 тимот Ред Бул, Кристијан Хорнер, потврди дека неговиот договор со тимот е до крајот на сезоната 2030 година и дека има намера да го исполни.
- Ја презедов одговорноста за Ред Бул до крајот на оваа деценија и ќе ги исполнам обврските“, објасни Британецот.
Хорнер го предводеше Ред Бул уште од формирањето на тимот на почетокот на сезоната 2005 година, кога компанијата за енергетски пијалоци го купи тимот на Јагуар.
Под водство на Хорнер, Ред Бул освои 8 светски титули кај возачите, 6 трофеи кај конструкторите и забележа 122 победи во 393 старта.
- За да работите во Формула 1 треба да имате дебела кожа и да сте фокусирани на обврските што сте ги презеле и принципите што треба да ги следите. Имаме одлични услови за работа и сите наши вработени работат со страст - без тоа немаше да ги постигнеме сите наши резултати, истакна Хорнер.
Тој иницираше сериозна криза во Ред Бул на почетокот на минатата година кога изби неговиот секс скандал со вработена во тимот, а потоа тој и доктор Хелмут Марко влегоа во битка за контрола на тимот.
Ново на Сител
-
Во Франција за четири дена уапсени 55 педофили
-
Просечната нето плата во март 44.763 денари
-
Нова акција на МВР: Се разбива мрежа за нелегални престои на странски државјани
-
25-годишен мотоциклист почина по сообраќајка во Чаир
-
Европските лидери го осудија убиството пред Еврејскиот музеј во Вашингтон
-
2023 сообраќајни прекршоци изминатите три дена, 362 за брзо возење
-
Во Велес синоќа се запали куќа од удар на гром, повредени нема
-
Манчестер јунајтед претрпе 20 порази во една сезона за прв пат по 50 години