-->
-->
Хорхе Лоренцо шампион во мото ГП
-->
Шпанецот Хорхе Лоренцо ја освои шампионската титула во МОТО ГП во шампионатот во мотоциклизам.
На радост на домашната публика во Валенсија каде се возеше последната трка сезонава во шампионатот во мотоциклизам, Лоренцо, од самиот старт па се до целта беше неприкосновен и со освоеното прво место на трката ја освои и шампионската титула.
Сепак, се чини дека јунак на трката беше Италијанецот Валентино Роси, кој иако стартуваше од последното место, сепак на крајот популарниот „Доктор’’ заврши како четврто пласиран, што за само едно место не беше доволно да ја задржи и првата позиција во генералниот поредок односно да ја освои својата шампионска титула, која му избега за само 5 бода.
Зад шампионот Лоренцо кому ова е трета титула во „Кралската класа’’, а вкупно пета во кариерата, денешната трка ја завршија неговите сонародници Марк Маркез и Дани Педроза.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Манев: Да видев дека Палчо носи пиштол, немаше да бидам овде
-
Шкупи: Го повлекуваме бројот 77, договорот на Лазаров во целост ќе му биде исплатен на семејството
-
Најштетната храна за бебиња
-
„Ферари" сè попопуларен меѓу купувачите помлади од 40 години
-
Научници од Источна Азија ги усовршуваат киборг-лебарките
-
„Борд панда“: Дубаи е најдосадниот град
-
Совети за правилно чистење на бебешките очи
-
Приведени три лица за кражба во неготинска фирма, меѓу нив малолетник