ХОПС: Со посебен закон да се регулира медицинската употреба на канабисот

Здружението ХОПС-опции за здрав живот смета дека треба да се донесе посебен закон со кој ќе се регулира медицинската употреба на канабисот во Македонија, имајќи ги предвид медицинските ефекти на канабисот, правото на пациентите за пристап до сите форми за лекување и позитивните искуства од многу земји.
Според Здружението, законот треба да овозможи лесен пристап до евтини лекови, вклучително и масло од канабис, во аптеки или специјални продавници, но и можност за сопствено одгледување за оние пациенти кои не се во состојба да ги купуваат лековите или имаат желба сами да го подготвуваат сопствениот лек.
- Канабисот за медицинска употреба треба да биде достапен во различни форми (за пушење, вапоризирање, во капсули, за јадење или во форма на масло од канабис). Исто така, медицинската употреба на канабисот не треба да биде условена со конвенционалната медицинска пракса, рече Влатко Деков од Здружението ХОПС-опции за здрав живот на прес-конференција по повод Предлог-законот за легализација на канабисот за медицинска употреба.
Посочи дека за таа цел ги повикуваат надлежните институции да креираат простор за стручна и јавна дебата во насока на изнаоѓање најсоодветен модел за регулирање на медицинската употреба на канабис во Македонија.
- Како организација која долги години ја следи состојбата во Македонија и трендовите во светот, подготвени сме да придонесеме во овој процес со своето искуство и експертиза, додаде Деков.
Ново на Сител
-

34-годишник физички ја нападнал сопругата и го искршил нејзиниот и телефонот на нивниот син
-

Уапсена скопјанка: Подолг период ја малтретирала 13-годишната ќерка и ја држела заклучена во соба
-

Детето со убод во срце во стабилна, но сѐ уште животозагрозувачка состојба
-

Путин: Постои можност за мировен договор за завршување на војната во Украина
-

Познат идентитетот на загинатиот на патот Охрид-Кичево: Животот го загуби младиот кошаркарски тренер Антонио Савески
-

Во дом на битолчанец пронајдени 42 пакувања со прашкаста материја
-

Мицкоски: Од ограбена држава клекната на колена, за три години направивме подобро место за живеење
-

Во заедничка акција згрижен повредениот пеликан во Дојран, си доби мандра за престој и редовен оброк | ФОТО
