Хонг Конг го укина задолжителното носење заштитни маски во борбата против коронавирусот
Хонг Конг ќе ја укине обврската за носење маски во борбата против коронавирусот, изјави денеска главниот извршен директор на регионот Џон Ли во обид да привлече посетители и бизниси и да го врати нормалниот живот, на повеќе од три години по наметнувањето строги правила.
-Укинувањето на обврската за носење маска во Хонг Конг ќе стапи на сила утре, 1 март, рече Ли на брифингот со новинарите.
Специјалниот административен регион Хонг Конг е едно од последните места во светот каде носењето маски сè уште е задолжително.
Административните региони на Хонг Конг и Макао во последните три години ја следат кинеската политика на нулта толеранција за коронавирусот. Хонг Конг почна да ги укинува рестриктивните мерки минатата година, но обврската за носење маски е на сила од 2020 година.
-Сметаме дека ова е најдобро време да се донесе оваа одлука. Тоа е јасна порака што покажува дека Хонг Конг се враќа во нормала, рече Ли.
Во местата со висок ризик, како што се болниците, менаџерите можат да одлучат дали да бараат од персоналот и посетителите да носат маски, додаде тој.
Соседниот специјален административен регион Макао најави укинување на обврската за носење маски на 26 февруари, за сите локации освен јавниот превоз, болниците и уште неколку места.
Жителите на континентална Кина не мораат да носат маска на отворено, иако властите ги охрабруваат да го прават тоа на јавни затворени простори како што се аеродромите и железничките станици.
Ново на Сител
-
Хеликоптерите на МВР фрлија повеќе од 30 тони вода на пожарот на планината Плачковица | ВИДЕО
-
Хуманитарната катастрофа во Газа мора веднаш да престане, велат Париз, Лондон и Берлин
-
Најмалку 25 лица загинаа, а 280.000 останаа без покрив над главата од почетокот на обилните дождови на Филипините
-
Министерот Тошковски во посета на џудо тренинг сесија на полициските специјалци во Центарот за обука во Идризово
-
Трамп вели дека договорот со ЕУ има 50 отсто шанси, а договорот со Канада можеби нема да се случи
-
На Табановце се чека 40, а на Богородица 20 минути
-
Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка
-
Две затворски казни од пет години и парична од 300.000 денари за фирма за предизвикан пожар над велешко езеро „Младост“ во август 2019