Хонг Конг ги затвори сите училишта поради новозаразени со Ковид-19
Бирото за образование на Хонг Конг денеска објави прекин на работата на сите училишта од понеделник по пик на новозаразени со Ковид-19 што ги разгоре стравувањата за ширење.
Училиштата во азискиот финансиски центар во најголем дел се затворени од февруари, при што многумина се префрлија на учење преку интернет и лекции преку конференциски повик. Многу интернационални училишта веќе се на летна пауза.
Градот вчера пријави 42 нови случаи, од кои 34 се локално пренесени, што го одбележа вториот последователен ден на пораст на локално пренесени инфекции.
Во некои од неодамнешните случаи се вклучени студенти и родители, рече секретарот за образование, Кевин Јунг.
Вкупниот број случаи во Хонг Конг од крајот на јануари сега изнесува 1.366 и седум смртни случаи.
Ново на Сител
-
Макроекономска и буџетска состојба на Еврозоната теми на средбата на Еврогрупата
-
Работни групи на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди на преговори за идната влада
-
Народната банка ќе ги објави пролетните макроекономски проекции
-
Во Косово од денеска само евра, измина преодниот рок што го одреди Централната банка за динарите
-
Факти за Андреј Белоусов, новиот руски министер за одбрана
-
Денеска средба Ердоган – Мицотакис во Анкара
-
Променливо облачно и сончево, попладне услови за дожд и грмежи
-
Состојба на патишта