„Хонда“ повлекува 250.000 автомобили во САД поради дефект
„Хонда“ повлекува речиси 250.000 возила во САД поради неисправности во производството што може да го оштетат моторот, јавуваат западните медиуми.
Според известувањето што производителот на автомобили го поднесе до американската Национална управа за безбедност на сообраќајот на патиштата, дел од моторите на моделите „Акура“ и „Хонда“ може да предизвикаат „неправилно функционирање или застој на моторот во возење“, зголемувајќи ја така опасноста од пожар, судир и повреди. Ова е 14-то повлекување автомобили на „Хонда“ оваа година и петто најголемо досега. Со тоа, бројот на „Хонда“ возила повлечени оваа 2023 година надмина три милиони.
Повлекувањето ги вклучува моделите „Акура Ти-ел-екс“ 2015-2020“ и „Ем-ди-екс 2016-2020“. Потенцијално засегнати се и „Хонда Одисеј“ од 2018. и 2019 година, „Пајлотс“ од 2016., 2018. и 2019., како и „Риџлајн“ произведени меѓу 2017. и 2019 година.
„Хонда“ соопшти и дека сопствениците ќе бидат известени со писмо на почетокот на јануари, по што следи проверка, поправка и заменување на моторите бесплатно.
Ново на Сител
-

УЈП: Нулта толеранција за корупција, презумција на невиност за сите постапки
-

Лазаров: Португалците се дојдени тука да се борат за медал
-

Облачно и студено, од вторник кон крајот на денот врнежи од снег
-

Обвинение за помагачите на бегството на 18-годишникот што со автомобил усмрти жена во Капиштец
-

Претрес во викендица во село Војник, пронајден пиштол и други предмети
-

Кузмановски: Данска беше добар тест за претстојниот дуел со Португалија
-

Протести во Данска и на Гренланд поради плановите на Трамп за преземање на островот
-

Општина Кисела Вода го модернизира осветлувањето, ЛЕД светилки со паметен систем за контрола
