Македонија
14. September 2023 - 13:06

Холанѓанец пронајден починат во Трпејца

На 13.09.2023 во 05.50 часот во СВР Охрид е пријавено дека во куќа во охридското село Трпејца, во која престојувал, бил пронајден починат е П.Е.Х. (58) од Холандија.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител и согласност на член на неговото семејство, телото било предадено на погребално претпријатие, известува портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски.