Холандски туристи во Берово и Малешевијата

И оваа сезона Малешевијата е приоритетна дестинација за холандските туристи, љубители на планината.
- Имаме резервации од холандски туристи за цела сезона. Досега поминаа две групи Холанѓани. Тие се наши традиционални гости, а најмногу се заинтересирани за прошетки по Малешевските Планини, за традиционалната храна, историските знаменитости и за се што ја прави Малешевијата уникатна. Посебно ги интересираат планината и шумските плодови, условите каде што растат, како се берат и како се произведуваат потоа природните сокови, компоти,... Денеска им организирамеручек на бачило, каде ќе вкусат традиционална малешевска храна, домашно сирење сокови, вели Владо Мишевски од хотелот „Манастир“ во Берово.
Летово само во „Манастир“ ќе има гости од Словенија, Израел, Канада, Австралија, но и традиционалните гости од Бугарија.
Хотелот „Аурора“ е, исто така распродаден, на странски туристи. Сопственикот на „Аурора“ Славе Сирачевски потенцира дека најголем број од гостите, резревациите ги прават преку познатите веб- страници. Според него, изненадува интересот на нашите иселеници кои доаѓаат по неколку дена во Малешевијата.
- Има голем интерес од гости од Косово, Англија, Ирци, Австралија, Америка. Наши иселеници родени во Македонија веќе неколку години доаѓаат во Малешевијата за да поминат по неколку денови. Ние сме подготвени да одговориме на побарувањата на нашите гости и да им овозможиме одмор овде во Малешевијата, рече Сирачевски.
Летната сезона ќе бидат полни и сместувачките капацитети покрај Беровското Езеро, викенд куќите кои најчесто се резервирани од домашни гости од Скопје, Куманово, Штип, но и од бугарски туристи.
Ново на Сител
-

Еј-Би-Си: САД испраќаат 2.200 маринци на бродови кон Блискиот Исток
-

Како Brainster ги поместува границите на образованието? | Ања Марија Макеска | Sitel Podcast 141
-

Церемонија на свечено менување на државното знаме во Кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова
-

Трамп изјави дека САД и Израел „многу силно“ ќе го удрат Иран во текот на следната недела
-

Висок ирански свештеник побара од папата да го осуди убиството на ајатолахот Али Хамнеи
-

Трамп изјави дека Путин можеби „малку“ му помага на Иран
-

Мерц повикува на „убедлив план“ за да се спречи „бескрајна“ војна со Иран
-

Албанија со Резолуција ќе го прогласи Иран за државен спонзор на тероризмот, а ИРГЦ и Хезболах за терористички организации
