Холандија порача 15 милиони таблети јод за заштита на населението од радијација
Холандското Министерството за здравство порача 15 милиони таблети јод за заштита на населението од радијација.
Одлуката е донесена кога во Холандија, во Германија и во Луксембург се водат полемики за безбедноста на нуклеарните централи во соседна Белгија, каде вчера беше донесена одлука за делење на таблети јод за населението.
Таблетите јод превентивно ќе им бидат поделени на деца до 18 години и на бремени жени, кои живеат во реонот од 100 километири од нуклеарна централа. Досега луѓето на возраст до 40 години, кои живеат во зона од 20 километри околу нуклеарна централа таблети јод добивале на домашна адреса.
Таблетите биле делени во западна Холандија, каде се наоѓа холандската централа Борсела, како и во источниот и јужниот дел од земјата. во чија близина се германската нуклеарна централа Емсланд во Долна Саксонија и до двете белгиски централи - Дул и Тианж.
Ново на Сител
-
Протести во Струмица поради загаден воздух
-
Бизнисот и унгарскиот кредит
-
Во Охрид засилено се гради
-
Преглед на вестите од светот
-
Во Македонија над 140 луѓе годишно гинат во сообраќајки: Кога ќе профункционира Сејф сити?
-
Протестите со поддршка и од премиерот
-
Протест за смртта на Фросина и во Неготино
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО - ДПМНЕ