Холандија ќе го блокира следниот чекор на патот на Србија кон членство во ЕУ, најавува холандскиот шеф на дипломатијата
Холандскиот министер за надворешни работи Каспар Велдкамп најави дека Холандија ќе го блокира следниот чекор на патот на Србија кон членство во Европската унија, наведувајќи ја загриженоста за нејзината подготвеност за следната фаза од пристапниот процес, пренесоа српските медиуми.
„Гледаме дека нема доволно напредок во областа на владеењето на правото во Србија, гледаме недоволен напредок во односите меѓу Белград и Приштина, каде Србија има јасна одговорност, а исто така гледаме дека Србија се уште ја нема доволно усогласено својата надворешна политика со надворешната политика на Европската унија“, изјави Велдкамп по средбата со своите колеги во Брисел, јавија холандски медиуми.
Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска ќе ги продолжат консултациите во Брисел за напредокот на земјите-кандидати за членство во ЕУ, а Велдкамп нагласи дека сака да ги убеди колегите да го поддржат неговиот став, „за да не мора Холандија да биде сама“.
Тој, сепак, додаде дека за Холандија нема проблем да биде единствената што ќе гласа против.
Ново на Сител
-
Српски државјани повредени откако возило излетало од патот Неготино - Демир Капија
-
Малолетник избоден со остар предмет од 16-годишник на „Партизанска„
-
Дизелот поевтинува за 2,5 денари
-
Нетанјаху: Сега имаме одлична можност да шириме мир во регионот
-
Солун и островите Скијатос, Скопелос и Алонисос се поврзаа со бродска линија
-
Орбан: Ќе има правни последици за организирање на Парадата на гордоста во Будимпешта
-
Приведен крадец од Куманово, украл мобилни телефони од продажен салон
-
Родителите и феноменот „омилено дете“