Ракомет
20. December 2015 - 8:46

Холандија и Норвешка во битка за златото на Светското првенство за ракометарки

 Селекциите на Холандија и Норвешка ќе играат во финалето на Светското првенство за ракометарки што се одржува во Данска.
 
На последниот дел на 22-то Светско првенство за ракометарки, денеска во Хернинг, покрај натпреварите за распределба на медали ќе се играат и дуелите за пласман од 5 до 7 место.
 
Програмата ќе ја отворат, Франција и Црна Гора со мечот 
за 7.место, додека во дуелот за 5.место ќе играат Русија и домаќинот на првенството Данска
 
Од 14 часот и 45 минути Полска и Романија ќе се борат за бронзениот медал, а големото финале меѓу Холандија – Норвешка ќе започне од 17 часот и 45 минути, по што ќе се знае наследникот на Бразил на светскиот трон.