Свет
1. January 2016 - 10:19

Холандија го презема претседателство со ЕУ

Холандија од денеска презема преседавање со Европската унија.

Ротирачкото претседавање Холандија го презема од Луксембург, а на 1 јули ќе и го предаде на Словачка.

Хаг 12 пат е на чело на ЕУ, но овојпат Унијата е соочена со безбедносни предизвици, но и најлоша бегалска криза од Втората светска војна.

Шефот на холандската дипломатија Берт Кендерс изјави дека Хаг ќе се посвети на суштински прашања на ЕУ, економски раст и зголемување на вработеноста, а тежиштето ќе биде и во се поголемо поврзување на граѓаните и цивилните друштва со Брисел.

На врвот на биселската агенда во првата половина од 2016 година ќе биде и прашањето Брексит кое се однесува на редефинирање на односите на Велика Британија и ЕУ,но и прашањето за климатските промени и енергетската политика, зачувување на јавните финансии на Еврозоната и јакнење на улогата на ЕУ во светот.