Свет
28. April 2021 - 9:27

Холандија ги олеснува ковид-мерките првпат од почетокот на годината

После четири месеци строга блокада, Холандија од денеска укинува некои од рестриктивните мерки.

Од денеска е укинат вечерниот полициски час кој беше воведен во јануари. Трговските објекти и терасите на рестораните ќе можат повторно да отворат под одредени услови.
 
Покрај тоа, Холанѓаните во своите домови ќе можат да примат до двајца гости, наместо само еден, како што беше досега.

Холандската Влада одлучи да олесни некои од мерките против коронавирусот, и покрај големиот број регистрирани случаи и предупредувања од здравствените власти.

На седумдневна основа, во моментов има 220 новозаразени на 100.000 жители.

Сепак, Владата бројот на новозаразени очекува нагло да се намали како резултат на зголемениот број на вакцинирани во земјата.

До денеска, околу пет луѓе од вкупно 17 милиони жители на Холандија примиле барем една доза вакцина против коронавирус.