Хојт Ји: САД загрижени поради рускиот хуманитарен центар во Србија
САД се загрижени поради изградбата на рускиот хуманитарен центар во Србија и потенцијалниот специјален статус за персоналот, кој Русија го бара, изјави високиот претставник на Стејт департментот задолжен за Европа и Евроазија, Хојт Брајан Ји.
Тој во дискусијата за ситуацијата во Југоисточна Европа, одржана во Подкомитетот за европска и регионална безбедносна соработка во Сенатот појасни дека од витално значење за САД е дека Србија оди кон Европската унија, иако има културолошки и историски врски со Русија.
- Ме загрижува т.н. хуманитарен центар, не поради она што е сега, туку поради она што може да стане. Особено ако Србија го исполни она што Русија го барала: специјалниот статус и имунитет за целиот персонал. Не веруваме дека Русија има добри намери да му помогне на Балканот да оди кон ЕУ, рече Ји.
Според него, Центарот во Ниш, во близина на границата со Косово, каде САД има околу 600 свои војници, како и четири илјади припадници на мировните сили на НАТО, не е позитивен чекор.
- Важно е, и тоа уверување го делиме со Владата на Србија, дека Србија има целосна контрола врз својата територија и се што е на неа. Ако и дозволи на Русија да формира центар за шпионажа, ќе ја загуби контролата врз дел од својата територија, рече Ји.
Русија, според него, ја користи зависноста на Западен Балкан од нејзиниот гас, како и слабостите на тамошните држави: корупцијата, нискиот степен на слобода на медумите, тензиите меѓу соседите.
- Трендот е загрижувачки, но не сметам дека сме ја загубиле битката. Црна Гора успеа да се спротивстави на влијанието на Русија, гледаме дека ситуацијата во Македонија се стабилизира со наша помош и со помош на ЕУ, рече Ји.
Потпретседателот на Подкомитетот, сенаторот Крис Марфи меѓутоа оцени дека предлог-буџетот на САД не говори во прилог за поголемо американско присуство на Балканот.
Тој потсетува дека фондовите за странска помош за Албанија се намалени за 98 отсто, за Хрватска за 60 осто, Косово за 48 отсто, Босна и Херцеговина и Македонија за по 40 отсто, Црна Гора за 34 отсто и Србија за 31 отсто.
Ново на Сител
-
Мицкоски на средба со Кос: Подготвени сме да разговараме за се што е принципиелно и во полза на држава и граѓаните
-
Предложен притвор за лице кое се обидело да запали албанско знаме
-
Просветниот инспекторат сè уште работи на записник по извршениот вонреден надзор во ОУ „7 Март“ во Челопек
-
Инциденти на седницата на Собранието на Нови Сад, oдбиен предлогот за разрешување на градоначалникот
-
Коцевски доставил предлог за поведување дисциплинска постапка против шефот на Вишото ЈО Скопје Мустафа Хајрулахи и уште еден јавен обвинител
-
Јун прогласи воена состојба во Јужна Кореја
-
Се шири блокадата на факултетите во Белград
-
Леброн: Имаме проблеми во нападот