Хоџиќ во Брисел: Помалубројните заедници се секогаш наклонети кон ЕУ и НАТО
Заменик директорот на Агенцијата за остварување на правата на помалубројните заедници (АОПЗ), Џелал Хоџиќ, вчера оствари средби со европратеници во Брисел, меѓу кои и со известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук.
Хоџиќ, кој е и претседател на Странка на демократска акција за Македонија (СДА) се сретна и со пратеникот Карло Реслер од Хрватска.
Пораката која им е повторно пренесена на европратениците на две недели пред клучниот министерски Совет на ЕУ на кој Македонија го чека одамна ветеното отворање на преговори со ЕУ, е дека за земјата членството во Унијата, како и во НАТО се од голема важност за сите етнички заедници, вклучително малубројните.
– Сите помалубројни заедници секогаш се наклонети кон развојот на демократските процеси, како и евроатланските и европските интеграции. Повеќе демократија, повеќе ЕУ и повеќе НАТО, значи повеќе глас и подобар статус за помалубројните заедници, изјави Хоџиќ.

За помалубројните заедници „тоа е подобра позиција да дадат свој придонес во развојот на македонското општество, но и подобра позиција за заштита, развојот и промоција на идентитетот и културата на самите помалубројни заедници“, додаде заменик директорот на АОПЗ.
Според Хоџиќ. треба во пракса да се подобрат правата на помалубројните заедници во Македонија, кои ги предвидуваат Уставот и законите, во областа на образованието на мајчин јазик, промоција на културата, правичната застапеност, како и поддршка за проектите важини на помалкубројните заедници. Хоџиќ на средбите беше придружуван од членови на заедницата на Хрватите.
Ново на Сител
-

Лукровски прогласи победа: Денеска не победувам јас, победува Карпош
-

Кандидатот на ВРЕДИ, Фисник Меља прогласи победа во Дебар
-

ДИК: Од обработени 93% од гласовите за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски - 57,84%, Амар Мециновиќ 36,11%
-

Јовица Илиевски победи во Брвеница
-

Д-р Владко Грозданов прогласи победа во Кочани
-

Златко Ристов останува градоначалник на Конче
-

Левица: Задоволни сме од излезеноста во урбаните општини, исклучок се општините Чаир и Сарај
-

Според партиски извори Ѓоко Камчев е нов градоначалник на Валандово
