Хоџај: Никој не може да побегне од демаркацијата на границата
Косовскиот министер за надврешни работи Енвер Хоџај изјави дека никој во Косово не може да побегне од договорот за демаркација на границата со Црна Гора.
- Ратификацијата на договорот е услов за добивање визна лбералзација и тоа треба да се случи, посочи Хоџај.
Како што јави дописникот на МИА, ратификацијата на Договорот за демаркација на границата со Црна Гора, претставува услов за Косово за отпочнување на процесот за либерализација на визниот режим со ЕУ.
Но, владејачката коалиција не успеа да ги обезбеди потребните 80 гласови за усвојување на договорот во Парламентот, бидејќи опозицијата, но и неколку пратеници од владиното мнозинство го сметаат за непрфатлив, бидејќи, според нив, со него Косово губи околу осум илјади хектари од својата територија.
Владејачкото мнознство ги нема ни гласовите на пратениците на коалицискиот партнер, Српска листа, чии пратеници гласањето за демаркацијата го условуваат со формирањето на Заедницата за српски општини.
Ново на Сител
-
Тошковски: Првичните информации се дека неприлагодената брзина е причина за сообраќајката во Кичево
-
Словенечки суд го ослободи поранешниот премиер Јанша од обвиненија за корупција
-
Во завршна фаза рехабилитацијата на патот од Охрид до Св. Наум
-
На граничниот премин кон Србија се чека од 20 до 30 минути, а кон Грција до 15 минути
-
Извршен увид на местото на сообраќајната несреќа во која загинаа три лица, а осум се повредени
-
Алкараз трет полуфиналист во Барселона
-
Денеска нова размена на речиси 500 воени заробеници меѓу Русија и Украина
-
Православните и католичките верници годинава го слават Велигден на ист ден