Хоџај: Не ни треба помош од Албанија за дијалогот со Србија
Шефот на косовската дипломатија Енвер Хоџај изјави дека Косово нема потреба од поддршка на Тирана за дијалогот со Србија.
Во интервју за телевизија „АРТ“ Хоџај истакнал дека Косово ја има американската и европската поддршка, додека коментирајќи ја соработката меѓу Белград и Тирана, косовскиот министер за надворешни работи оценил дека тоа е билатерално прашање на овие две земји.
Според него, Албанија не е глобален актер и Косово нормално ја бара помошта на САД или на ЕУ, а не на некој друг.
- Што се однесува до нормализирањето на односите меѓу Косово и Србија, единствено Косово е политички актер и верувам дека на Албанија историски и е јасен овој процес и оти и во иднина ќе и биде јасно. Косово е независна држава како секоја друга држава во регионот а Албанија не е глобален актер како што се САД или ЕУ, затоа во односите меѓу двете земји е да бараме американска помош и европска поддршка бидејќи тие имаат инструменти да извршат влијание, изјавил Хоџај.
Тој смета дека секоја соработка која може да ја има Албанија на економски план со Србија тоа е билатерално прашање меѓу двете држави.
Ново на Сител
-
Украинската армија вели дека нападот во текот на ноќта врз Русија бил „најмасовниот“ од војната
-
Началникот на Генералштабот на Армијата на конференција на Воениот комитет на НАТО
-
Децата ја наследуваат интелигенцијата од мајката, според новите истражувања
-
Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус
-
Гвардиола: Ни требаат нови луѓе
-
Приведени скопјани барани со потерници
-
Пронајдена дрога кај осуденик во битолскиот затвор
-
Германија: „Дубаи чоколадо“ е само она што се произведува во ОАЕ