Хјуман рајтс воч: Повеќе од 60 отсто од девојчињата во Авганистан не одат на училиште
Околу две третини од девојчињата во Авганистан не одат на училиште, се наведува во најновиот извештај на Организацијата за човекови права Хјуман рајтс воч.
По паѓањето од власт на Талибанците во 2001 година и почетокот на меѓународните напори за обновување на Авганистан, образованието е еден од приоритетите на авганистанската Влада и нејзините донатори.
За време на режимот на Талибанците многу малку девојчиња смееле да учат. Многу од нив се образувале тајно во нелегални училишта.
Според извештајот на Хјуман рајтс воч, авганистанската Влада и нејзините донатори постигнале впечатлив напредок во напорите за образование на девојчињата, но сепак задачата не е исполнета до крај.
- Несигурноста, сиромаштијата и преселбите се причина многу девојчиња да не одат на училиште, изјави Лизл Гернхолц, директор за прашања за правата на жените во таа организација.
Во извештајот се додава дека поради продолжување на конфликтот родителите не можат да ги пуштат децата да излегуваат од дома.
- Семејствата немаат желба да ги праќаат девојчињата на училиште во небезбедна средина, наведува организацијата.
Друга пречка за образованието на девојчињата во Авганистан се и браковите на детска возраст, нивната работа и недостиг на училишта.
Ново на Сител
-
Во пресрет на летнаta сезона Албанија има потреба од над 2.000 туристички работници
-
Притвор за две лица, нападнале полициски началник во дискотека во Кавадарци
-
Еден убиен во нова нарко пресметка кај бриселската метро станица „Клемансо“
-
Јунајтед го загуби Дијало до крајот на сезоната
-
Малолетник од Косово со возило удрил двајца пешаци во Скопје
-
Тешка сообраќајка во струмичко, загина 46-годишен возач
-
Невозможно е за осум месеци од македонското здравство да направите норвешко или шведско, вели Таравари
-
Трамп: Тој што ја спасува својата земја не прекршува никакви закони