Хилари Клинтон со критика до Трамп за „ застрашувачката употреба на моќта“
Поранешната државна секретарка и кандидатка за американски претседател на изборите во 2016 година, Хилари Клинтон, е огорчена од најавата на претседателот Доналд Трамп дека ќе употреби сила за да ги растера протестите во Вашингтон, непосредно пред да се фотографира пред Епископската црква. Св. Џон.
„Претседателот на САД и нареди на американската војска да употреби солзавец и да истрела гумени куршуми кон мирните демонстранти, за да може да се фотографира. Тоа е застрашувачка употреба на претседателската моќ против своите граѓани, за тоа нема место никаде, а најмалку во САД“, напиша Клинтон за Твитер, повикувајќи ги Американците да гласаат на претстојните претседателски избори во 2020 година.
Само неколку часа претходно Трамп од Белата куќа соопшти дека ќе ја пушти војската на улиците, непоредно пред да замине за црквата Свети Џон, каде се фотографираше со Библијата в раце.
Претходно, полицијата фрли солзавец и употреби гумени куршуми против демонстрантите во близина на Белата куќа за да ја растури толпата на патот на Трамп кон црквата.
Ново на Сител
-
79-годишна тетовчанка измамена за 16.000 евра и 10.700 швајцарски франци
-
За викеднот променливо време со повремен дожд и грмежи
-
Без вода дел од општина Ѓорче Петров
-
Приведено лице од велешко, предизвикало пожар на отворен простор
-
Дождот го изгасна пожарот во „Јасен“
-
Уапсено 27-годишно лице поради производство и дистрибуција на детска порнографија
-
Земјотрес со јачина од 7,5 степени го погоди преминот Дрејк, Чиле издаде предупредување за цунами
-
Премиерот Mицкоски на увид во градежните активности за санација на хидросистемот Ѓавато