Хилари Клинтон не планира никогаш повеќе да се кандидира за државна функција

Хилари Клинтон никогаш повеќе нема да се кандидира ниту за една државна функција откако претрпи пораз од Доналд Трамп на претседателските избори во ноември минатата година, по кампањата која создаде досега најголеми поделби, изјави нејзината соработничка, Нира Танден.
- Мислам дека таа ќе се занимава со помагање на деца и семејства, истакна Танден, која е претседателка на Центарот за американски напредок, поврзан со Демократската партија.
Според неа, Хилари на овие прашања била фокусирана цел живот, па со тоа ќе се занимава и во следните години.
- Но не очекувам дека таа некогаш ќе се кандидира за било која државна функција, додаде Танден, реагирајќи на шпекулациите на весникот „Њујорк тајмс“ дека Клинтон ќе се кандидира за градоначалник на Њујорк.
Ново на Сител
-

Неопходни се рабони места кои ќе понудат баланс меѓу приватниот и професионален живот
-

Донирај текстови, документи и гласовни снимки за потребите на „Везилка“
-

23 септември - ден на знаковниот јазик
-

Преглед на вестите од светот
-

Со изведување докази продолжува судењето за злоупотребите во Државна лотарија
-

Откриена нелегална плантажа со 680 килограми марихуана, приведени две лица
-

Националната стратегија за борба со корупцијата пред пратениците
-

Следната недела средба за правосудниот испит
