Хезболах се одмаздува за нападот на Либан: Истрелавме проектили кон Израел
Либанската проиранска група Хезболах соопшти дека истрелала низа ракети врз области во северниот дел на Израел како одмазда за нападот врз Вади ал-Кфур во кој загинаа и беа ранети претежно сириски цивили. Извори на Хезболах соопштија дека областа Ајелет Хашахар, на северот на земјата, денеска за прв пат била цел на напад.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека биле истрелани 55 проектили.
По сирените што се активираа непосредно пред тоа во областа Ајелет Хашахар во северен Израел, беа идентификувани приближно 55 проектили од Либан, од кои некои паднаа на отворени области, соопшти ИДФ. Нема информации за повредени.
-Како резултат на проектилите истрелани кон Израел, избувнаа повеќе пожари во областа и израелските противпожарни и спасувачки служби сега оперираат на местото на настанот за да ги изгаснат, објави ИДФ. Претходно, „еден војник на ИДФ беше тешко повреден, а друг војник беше полесно повреден утрово од проектил кој влегол од Либан и паднал во областа Мисгав Ам, додаваат од ИДФ.
Војниците се евакуирани во болници. Десет лица загинаа во израелски воздушен напад врз област во јужен Либан, меѓу кои и две деца, објавија денеска државните медиуми и либанското Министерство за здравство. Мнозинството од убиените се сириски државјани, соопшти Министерството.
Ново на Сител
-
Сакал да пренесе сопатник без документи преку граница - Уапсен маж на ГП Богородица
-
64 годишен скопјанец кој исчезна пред 10 дена пронајден мртов
-
Девизните резерви во октомври зголемени за 568,9 милиони евра
-
Кривична пријава против 66-годишник за демнење на началник во ОВР Неготино
-
Илиоски со златен медал на Европското кикбокс првенство во Атина
-
Кремљ: Путин е подготвен да разговара за Украина со Трамп, но не ги менува своите барања
-
Народна банка: Се очекува забавување на инфлацијата и во следните години
-
Гробница првпат отворена по 2500 години, презентирани вредните наоди откриени во охридско-струшкиот регион