Хемичарите тврдат дека кислородот придонел за брзото ширење на пожарот
Само добар вентилациски систем може да помогне да не избувне голем пожар, каков што беше тој во тетовската болница, смета хемичарот Миха Буклески. Според него, постојана и добра вентилација е единствениот начин да се намали концентрацијата на чистиот кислород во Ковид центрите, а со тоа ризикот од можни катастрофи да се сведе на минимум.
Хемичарот Буклески смета дека во тетовскиот ковид центар пожарот се проширил премногу бргу токму поради големата концентрација на чист кислород во затворен простор.
Со цел да се избегнат катастрофи, Европската Унија пред неколку месеци излезе со препорака за целосно почитување на стандардите за градба на болници, но и соодветна обука на здравствениот кадар за ракување со кислородот дури и во непредвидени ситуации.
-
Мирјана Јовеска
Сите содржини од овој новинар
