Хелсиншки комитет: Бараме темелна истрага за несреќата на градилиште во Куманово
Денешната несреќа на градилиште во Куманово, во која се повредени десет работници, од кои двајца се во критична состојба, уште еднаш ја потврди нефункционалноста на системот за безбедност и здравје при работа. Притоа, градежништвото и понатаму останува најризичен сектор, каде што несреќите со фатален исход се најчести. Со жалење констатираме дека фактот што според методологијата на МЗЗПР од 2010 до 2018 година на работно место животот го загубиле најмалку 318 работници, а со повреди се здобиле најмалку 895, не предизвикува соодветна реакција кај надлежните институции за да се намали црната статистика и да се подобри безбедноста.
Иако Хелсиншкиот комитет редовно апелира до работодавачите доследно да ги почитуваат законите и правилниците со кои се обезбедуваат безбедни работни услови, без темелен ангажман на сите чинители на системот за безбедност и здравје при работа, состојбата нема да се промени и дополнително ќе се влошува. Притоа, проблемот не го лоцираме во недостигот на законска регулатива, туку во недоследната имплементација на законите – и во однос на превенцијата на несреќи на работно место и во однос на санкционирањето на пропустите кои довеле до вакви инциденти.
Комитетот се обрати до Државниот инспекторат за труд да спроведе темелна истрага за овој случај, да ја лоцира одговорноста за несреќата и соодветно да ги санкционира сите кои со непостапување или прекршување на законите и процедурите дозволиле да се случи уште една во низата вакви трагедии.
Ново на Сител
-
Коцевски го доби предлогот за негово разрешување - тврди дека нема правен основ
-
Маржи и до 70% откриени кај дистрибутери - пазарна на терен
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ призна дека се во координација со ССМ
-
Трет правосуден форум за родова еднаквост во Западен Балкан
-
Таравари: Владата ќе реши дали албанска компанија ќе го земе паркингот кај Клиничкиот центар
-
Реновиран спрат на инфективната клиника
-
Поради ниската откупна цена, дел од јагнињата останаа непродадени
-
Охриѓани дишат загаден воздух, неопходно е креирање мерки и нивно доследно спроведување