-->
-->
Хеликоптерската единица за посебни намени при МВР исфрли 36 тони вода при гасење на пожарот кај велешка Отовица | ФОТО+ВИДЕО
-->
Хеликоптерската единица за посебни намени при Одделот за воздухопловни единици и денеска (02.08.2023) беше на висина на задачата, учествувајќи во локализирање на пожарот кај велешка Отовица, којшто беше пријавен дека настанал во 13.40 часот на автопатот Велес-Скопје, поточно меѓу автопатот и железничката пруга, пред мостот кај наплатната станица "Отовица".
Пожарот во кој биле зафатени сува трева и борова шума беше локализиран, а хеликоптерот на Хеликоптерската единица за посебни намени при МВР дејствуваше во 12 налети при што беа исфрлени 36 тони вода.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Засилени контроли на скопските улици
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
Засилени контроли на скопските улици
-
Преглед на вестите од светот
-
Интереплација на власта за членовите од Судски што ги избрало Собранието
-
Судски совет ќе испитува грешка кај судијката која за продажба на дрога одредила казна поправен дом
-
Објавени огласи за 47 обвинители и 50 судии: Ќе се пополни ли дупката во обвинителствата?
-
Притвор 30 дена за екс директорот на СОЗР Пеце Мирчевски