Свет
28. March 2017 - 13:16

Хејли: Никогаш повеќе нема да „удираме по Израел“

Американската амбасадорка при ОН Ники Хејли на годишниот состанок на американско-израелскиот комитет за јавни работи (АИПАК) изјави дека нема да дозволи „удирање по Израел“ во таа светска институција, алудирајќи на резолуцијата што беше усвоена кон крајот на минатата година, со која Израел се осудува поради изградбата на еврејски населби. 

Хејли, Резолуцијата 2334 ја опиша како удар „со нога во стомак“ по сите Американци и ги предупреди другите членки на ОН дека САД ќе го возврати секој нов обид Израел да се „изолира“. 

- Ние немаме подобар пријател од Израел и тоа што се случи не е само непријатно, туку и болно. Можам да кажам дека сите во ОН се плашат да разговараат со мене за Резолуцијата 2334 и сакам да им дадам до знаење дека тоа се случило, но дека веќе никогаш нема да се повтори, нагласи Хејли.