Хејли Болдвин треба да плати 150.000 долари поради статус на Инстаграм

Манекенката Хејли Болдвин би можела многу скапо да го плати нејзиното мешање во јавните конфликти меѓу Софија Ричи, Џастин Бибер и Селена Гомез.
Имено, иако, како што тврди, имала најдобри намери кога на Инстаграм ја објавила пораката дека треба „сите да се сакаме и почитуваме“, Хејли, која е поранешна девојка на Бибер, „заборавила“ да напише дека тоа не е нејзина мисла.
Како што објави „Пејџ 6“, оригиналната авторка на споменатата содржина бара од Хекли отштета од 150.000 долари, затоа што не го навела нејзиното име како творец на мислата.
Мелиса Моломо поднесе тужба против Болдвин, затоа што манекенката употребила цитат од нејзината книга „Say What's Real“, а тоа не го навела јасно. Авторката исто така, бара и јавно извинување од манекенката.
- Копирајќи и користејќи зборови на госпоѓа Моломо без дозвола, вие ги преземавте заслугите и предизвикавте забкуда околу тоа чие е тоа дело, стои во тужбата, а Моломо бара од Хејли и да и се извини на Инстаграм.
Во меѓувреме манекенката го избриша постот, но „Пејџ 6“ има снимка од содржина на која јасно се гледа коменатарот на Мелиса Молом со кој бара да биде посочена како автор на мислата.
Ново на Сител
-

Променливо облачно време со сончеви периоди
-

Николоски: Решение за македонските превозници ќе има, проблемот е високо на агендата на Брисел
-

Јаневска: Со новиот Закон за високо образование ние го подобруваме квалитетот на образованието
-

Трамп изјави дека е „срамна“ одлуката на Врховниот суд да ги поништи царините
-

Паднато дрво кај Католичка – затворена улицата „Костурски Херои“
-

Поднесено обвинение за палењето на „Вјесник“
-

По дојава од ФБИ за закана за масовно убиство на Discord, уапсени две лица со арсенал оружје во Мала Речица
-

Кривична пријава против поранешна директорка на Клиничка болница Битола
