Свет
27. January 2017 - 18:40

Хејли: Администрацијата на Трамп ќе ја покаже вредноста на ОН

Новата амбасадорка на САД во ОН Ники Хејли денеска вети дека ќе ја покаже американската сила во меѓународните односи и упати отворено предупредување до противниците на политиката што ја застапува претседателот Доналд Трамп. 

- За оние кои не ни го чуваат „грбот“, ние им ги запишуваме имињата, истакна Хејли по доаѓањето во седиштето на ОН на првиот состанок со генералниот секретар на светската организација Антинио Гутереш. 

Таа нагласи дека администрацијата на Трамп „ќе ја покаже вредноста на ОН“. 

- А начинот на кој ќе ја покажеме нашата вредност е со покажување на нашата сила, нашиот глас и чувањето на „грбот“ на нашите сојузници, потенцира 45-годишната поранешна гувернерка на Јужна Каролина. 

Претходно, Трамп ги нарече ОН „клуб за собирање и забава“, и наведе дека САД се најголеми финансиери на Светската организација бидејќи даваат 7,8 милијарди долари годишно.