Македонија
12. September 2019 - 16:17

Хеико Мас: Германија поддржува Македонија да ги почне преговорите за членство со Европската унија

Министерот Димитров деновиве ги користи последните шанси да гу убеди земјите членки на ЕУ да дадат зелено светло за  преговорите во октомври.

Тој денеска доби уверување од германскиот колега  Хаико Маас ,дека владата во Берлин ке направи се за да ги убеди германските пратениците да донесат позитивна одлука за Македонија, на седницата која треба да се одржи на крајот на месецов.

Тоа што е постигнато во реформскиот процес во Северна Македонија  последниве неколку години е невројатно. Условите за почеток на преговорите со ЕУ  во целост се исполнети. Ние го  поддржуваме стартот на преговорите и во Бундестагот и во рамките на ЕУ.

И македонскиот шеф на дипломатијата очекува Унијата да го испорача ветеното и конечно да ја донесе одлуката која постојано ја одложува.

Германија е и силен подржувач на регионалната соработка на Балканот. За ова било разговарано и  на денешната средба Димтров –Маас во германскоото МНР. 

Важно е обичните луге да ги почувтсвуваат бенефитите од поврзувањето во регионот. Сакаме да видиме дека нешто навистина се менува ,  сакаме изградба на мостови и поврзување комуникациско  и инфрастуктурно, порача гермаснкиот министер по средбата со македонскиот колега, укажувајки на позтивните примери на добрососедките догвори на македонија со Грција и Бугарија.