Хегсет: САД го намалуваат бројот на високи офицери за најмалку 20 отсто
Американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет, вчера нареди намалување на бројот на генерали и адмирали со четири ѕвездички во американската војска за најмалку 20 проценти.
Откако ја презеде функцијата кон крајот на јануари, администрацијата на Доналд Трамп тврдеше дека сака да ја реорганизира американската војска во согласност со политичките приоритети на претседателот, отпуштајќи врвни офицери и илјадници цивилни службеници.
Министерот наредил и намалување за 20 проценти на бројот на врвни офицери на Националната гарда или 10 проценти од другиот воен персонал. Не е прецизирано како ќе се спроведе намалувањето на бројот на вработени, тврдат запознаени извори со прашањето.
Хегсет, меѓутоа, објави во видео на социјалната мрежа X дека намалувањата ќе бидат спроведени во две фази, почнувајќи со генералите со четири ѕвездички и оние во Националната гарда. Целта на оваа одлука не е да се „казнуваат највисоките членови на армијата“, потврди министерот и додаде дека нејзината цел е „да се максимизира стратешката подготовка и оперативната ефикасност“.
-Ќе ја задржиме позицијата на најопасната борбена сила во светот, која воспоставува мир со сила, наведе министерот во видеото на Х.
За време на сослушувањето во Сенатот во јануари, Хегсет тврдеше дека бирократијата во Пентагон мора да се намали.
„Благодарение на овие мерки, ќе ја задржиме позицијата на најопасната борбена сила во светот, која воспоставува мир со сила и гарантира поголема ефикасност, повеќе иновации и подготовка за идните предизвици“, се наведува во меморандумот.
Во февруари, Трамп ненадејно го отпушти началникот на кабинетот Чарлс Браун без објаснување. Тој, исто така, ја смени командантката на американската морнарица, адмиралката Лиза Франкети, која Џо Бајден ја назначи да раководи со крајбрежната стража како прва жена на чело на една од шесте гранки на војската, како и заменик-началникот на Генералштабот и неколку високо рангирани воени адвокати.
Министерството за одбрана, исто така, објави дека сака да го намали цивилниот персонал за најмалку пет проценти. Пит Хегсет ги оправда отпуштањата велејќи дека претседателот едноставно назначува службеници на местата каде што сака да бидат, но претставниците на Демократската партија предупредуваат на потенцијална политизација на војската.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Нов марш на ангелите, родителите го повикаа Мицкоски во Кочани
-
За изборот на новиот папа, Тема на денот со Кирил Стојанов, новинар
-
Поддршка за Стерјовски пред утрешните парламентарни избори во Албанија
-
ВМРО-ДПМНЕ со партиски кандидат ќе настапи на локалните избори за Град Скопје
-
Ахмети: Без хармонија меѓу заедниците, државата нема иднина
-
Патоказ за малцински прашања како можем компромис за спорот со Бугарија
-
Тошковски: Полицијата прибира докази за пожарот во „Пулс“