Хегсет: Операцијата „Епски бес“ е подарок за целиот свет

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет на денешната прес-конференција изјави дека САД постигнале „одлучувачки воени резултати во Иран, а операцијата „Епски бес“ ја оцени како „смела и опасна мисија, подарок за целиот свет“.
Според него американската поморска блокада на иранските пристаништа „секој ден станува се посилна“.
– Пораката до режимот во Техеран е: блокадата се стега од час во час. Ние имаме контрола. Ништо не влегува и ништо не излегува – посочи Хегсет.
Тој наведе дека сега Иран треба да донесе мудра одлука и да се откаже од поседување нуклеарно оружје.
– Инаку, можат да гледаат како кревката економска состојба на нивниот режим се распаѓа под немилосрдниот притисок на американската моќ – истакна Хегсет.
Тој ги предупреди Европа и Азија дека „заврши времето на бесплатен превоз“.
– Европа и Азија со децении имаа корист од нашата заштита, но заврши времето на бесплатен превоз. Америка и слободниот свет заслужуваат способни и верни сојузници, кои разбираат дека сојузништвото не е еднонасочна туку двонасочна улица – истакна Хегсет.
МИА
Ново на Сител
-

Товарно возило излетало од патот Струмица-Радовиш, возачот загинал на местото на настанот
-

52-годишен гостиварец нападнал малолетник
-

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија
-

Рубио: Куба веќе „падна“ и е пропадната држава
-

Иран се закани со напади врз енергетската инфраструктура по говор на Трамп
-

Уапсен маж од Осака - чувал крокодил без дозвола
-

МЕРМС: За само две години Министерството постави највисок стандард на отвореност
-

Жените сe 39,2 отсто застапени во Собранието, но само 15 отсто во Владата, утврди ДЗР
