Свет
3. July 2018 - 21:59

Хаварија во електрана: Половина Азербејџан во мрак!

Поголем дел од Азербејџан денеска остана без струја поради проблем во електраната Мингечавир.

Ова е најголем проблем со снабдувањето со електрична енергија кој го погоди Азербејџан од распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година.

Претседателот на Азербејџан Илхам Алиев формираше владина комисија со задача да го истражи инцидентот во електраната.

Министерството за вонредни ситуации соопшти дека во електраната имало проблеми со трансформаторот, што предизвикало пожар кој е изгаснат во рок од 20 минути.

Како што се наведува, во таа прилика никој не е повреден.

Струја снемало во време кога во Азербејџан се бележат температури повисоки од 40 степени Целзиусови. Без струја останала престолнината Баку како и уште 40 други градови.

Kurir.rs/Tanjug