Хашим Тачи: Либерализацијата на визниот режим e прашање на часови
Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека „прашање на часови е кога Косово ќе ја добие веста за слободно движење на граѓаните“.
- Само прашање на часови е кога Косово ќе добие визна либерализација. Процесот на либерализаиција на визите повеќе не брои недели или денови, туку сега се бројат само часови, нагласил Тачи.
Тој додал дека тоа е добра вест и една нова историја за Косово.
- Визната либерализаиција на нашите граѓани беше непотребно доцнење, но е придобивка за сите граѓани на Косово, истакна Тачи.
Процесот за визна либерализаиција Косово го почна во почетокот на 2012 година и е едниствена држава од Југоисточна Европа која има визен режим.
Според косовските медиуми, Европската комисија утре треба да донесе одлука за визна либерализаиција за Косово, за Грузија, за Турција и за Украина.
Ново на Сител
-
Симпозиум за Илинден во Крушево
-
Преглед на вести од светот
-
Тема на денот со Злате Мехмедовиќ
-
Можно ли е конечно политичарите да се договорат за прочистување на коруптивните функционери?
-
Искршена спомен плочата кај Карпалак, одбрана најавува целосно нов споменик
-
23 години од убиството на осум бранители кај Љуботенски Бачила
-
Беснеат шест активни пожари во Македонија
-
Никако да згаснат пожарите