Хасан Рохани победи на претседателските избори во Иран
Актуелниот ирански претседател Хасан Рохани победи на вчерашните претседателски избори во Иран, соопшти препладнево Министерството за внатрешни работи во Техеран.
Како што јави ДПА, според неофицијалните конечни резулатити од изборите, 68-годишниот Рохани од умерената исламиска Партија на умереноста и развојот (ХЕТ) освоил 56,88 проценти од гласовите, со што извојува победа уште во првиот круг.
На второто место се пласира Ебрахим Раиси од конзервативната исламистичка Асоцијација на борбените проповедници (ЈРМ) со 38,55 отсто од гласовите, пред Мустафа Мир-Салим од екстремната исламиситчката Партија на исламската коалиција (ХМЕ) со 1,13 проценти и Мостафа Хашемитаба од реформистичката Партија на експертите за изградба на Иран (ХКСИ) со 0,52 отсто од гласовите.
Според податоците на Централната изборна комисија, на вчерашните избори имало и 2,90 отсто неважечки ливчиња.
Изборите беа оценети како референдум за политиката на Рохани за отворање на Иран кон Западот и за договорот што тој го постигна со светските сили за иранската нуклеарна програма.
Уште пред објавувањето на првичните резултати од изборите, претставник на конзервативните исламисти ја призна победата на Рохани, нагласувајќи дека резиборот на актуелниот претседател е „практично сигурен“.
Ново на Сител
-
Телефонската линија 192 повторно е во функција
-
Четири лица, меѓу кои две малолетни тешко повредени откако се преврте автомобил на автопат
-
Папата повика на прекин на огнот во Украина: „Оружјето мора да замолчи“
-
СВР Скопје: Поради технички причини не е во функција телефонскиот број 192
-
Поради пожар на Вардариште без струја Аеродром и Лисиче
-
Почина 54-годишен затвореник во КПУ Затвор Скопје
-
Почна кампањата за промоција на Националниот портал uslugi.gov.mk
-
Јаневска: Новата учебна година ќе ја започнат 245 илјади ученици со учебници за сите и подобрени инфраструктурни услови