Харисон Форд му оддаде почит на неодамна починатиот Шон Конери
Познатиот американски глумец Харисон Форд му оддаде почит на својот неодамна починат колега Шон Конери. Имено, тој се надева дека ако неговиот „драг пријател е во рајот, тој сега игра голф“.
Двајцата заедно глумеа во филмот на Стивен Спилберг – „Индијана Џонс и последната крстоносна војна“, кога сер Шон го толкуваше таткото на главниот лик.
– Боже, колку многу се забавувавме. Ако Шон е сега во рајот, се надевам дека таму имаат терени за голф. Почивај во мир, драг пријателе!, рече Форд во интервју за „Варајети“.
Форд се потсети и дека било вистинско задоволство да се вози со Конери во „руската приколка за мотоцикли што отскокнувала на онаа нерамна, крива планинска патека“.
Пред Форд, и Роберт де Ниро, Кевин Костнер, Мајкл Кејн, Даниел Крејг, Пирс Броснан и многу други се простија од првиот „Џејмс Бонд“, кој викендов почина на 90 години.
Ново на Сител
-
Иран ги нападнал американските бази во Катар
-
Катар го суспендира воздушниот сообраќај како превентивна мерка
-
На граѓаните на САД во Катар им е препорачано да се „засолнат“ додека Иран најавува одмазда
-
Прогласена вонредна состојба на грчкиот остров Хиос поради пожарите
-
Трамп: Никој да не ги зголемува цените на нафтата
-
Истрага за насилство против татко и неговите два сина, од кои едниот малолетен
-
Евакуација на четворица македонски државјани од Израел
-
ДУИ и ВЛЕН застанаа зад САД за Иран