Хари Kостов сведочи во „Tаргет-тврдина“
Поранешниот премиер Хари Костов во својство на оштетен од прислушувањето денеска сведочи во судскиот предмет „Таргет-тврдина“.
Рече дека не бара отштета оти таа требало да ја исплати државата, но додаде дека била загрозена неговата приватност. Посочи дека од прислушувањето можеби штета претрпеле коминтенти на банката кои барале гаранции од која висина зависело нивното учество на тендери.
Освен Костов денеска сведочат уште 10мина кои обвинителството ги повикува како оштетени.
Најголем дел од нив се бизнисмени.
Обвинети во овој предмет се поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска и неколку вработени во поранешното УБК кои се товарат за нелегално прислушување на над четири илјади телефонски броеви во периодот меѓу 2008 и 2015 година.
Зоран Јаневски
Ново на Сител
-
Партиски препукувања за реформите во правосудството согласно планот за раст
-
Тема на денот со Дејан Мираковски, ректор на Универзитет „Гоце Делчев“
-
Tрамп со порака против независна Палестина
-
Експерти: Системската корупција е најголема безбедносна закана за државата
-
Филипче реагира на изјавата на Мицкоски
-
Секој петти Македонец живее во сиромаштија
-
Трамп денеска говори на ОН
-
Реакции по условната казна за онкологот Пешевска