Харден го предводеше Хјустон до успех над Лејкерс, Леброн со анти-рекорд
Хјустон Рокетс го направија првиот чекор кон финалето на Западната конференција. Ниската стартна петорка на „ракетите“ одлично се справи со еден од фаворитите за титулата – Лос Анџелес Лејкерс и го победи со 112:97 (29:28, 34:27, 22:24, 27:18), обезбедувајќи водство од 1:0 во полуфиналната серија.
Иако имаа помалку од 48 часа одмор по епскиот седми натпревар против Оклахома во четвртокот наутро, Џејмс Харден и компанијата не им дозволија на големите sвезди на „езерџиите“ – Ентони Дејвис и Леброн Џејмс да го покажат најдоброто од себе. Двајцата комбинираа вкупно 45 поени, но во последната четвртина Џејмс не го запиша своето име меѓу стрелците (шут 0/3), а Дејвис постигна само 6 поени. Ова е трет случај во кој „кралот“ не успеа да постигне ниту еден поен во последната четвртина со најмалку 9 минути игра во неа – претходните беа во дуелот бр.4 против Далас во 2011 година и мечот бр.3 против Бостон во 2017 година.
Триото Харден- Вестбрук- Гордон го отежна животот на тимот предводен од Френк Вогел. Тие постигнаа 83 поени од вкупно 112 на нивниот тим, и беа главната причина „ракетите“ да го задржат водството во последната четвртина.
Харден заврши со најмногу – 36 поени + 5 асистенции, Вестбрук постигна 24 поени, зеде 9 скока и оствари 6 асистенции, Гордон додаде 23 поени, а резервната Остин Риверс помогна со 10 поени.
За Лејкерси, Ентони Дејвис забележа „дабл-дабл“ – 25 поени и 14 скока, Леброн заврши со 20 поени, 8 скока и 7 асистенции, Алекс Карузо беше корисен со 14 поени од клупата за 16 минути, а Дени Грин додаде 10 поени.
Ново на Сител
-

Николоски: Македонија бележи рекорди во авио-сообраќајот, само во еден месец македонските аеродроми опслужиле над 460.000 патници
-

ЦУК: До 18 часот 14 пожари на отворен простор од кои само еден е активен
-

Косово бара од ЕУ да изврши притисок врз Србија за спроведување на Декларацијата за исчезнати лица
-

Тошковски: Водата во Гостивар сѐ уште не е безбедна за пиење, смее да се користи исклучиво како техничка
-

Двајца македонски државјани прогласени за непожелни во Албанија
-

Ѓорѓиевски: Парична помош за 456 онколошки пациенти во наредните два дена
-

МЗ: Состојбата во Гостивар континуирано се следи, намален вкупниот број прегледи
-

Водата во Скопје квалитетна и безбедна за пиење
