Харадинај по средбата со Мендух Тачи: Успешен референдум е во интерес на Албанците во Македонија
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска се сретна со лидерот на Демократската партија на Албанците (ДПА) во Македонија Мендух Тачи, по што порача дека „Албанците треба да се определат за Македонија во ЕУ и НАТО“, јави дописникот на МИА од Приштина.
- Денеска имав прилика да се сретнам официјално со Мендух Тачи и да поразговараме за актуелните теми тука и во Македонија, а посебно за заедничката тема – Албанците. Велиме „да“ за референдумот во Македонија и за нејзиното зачленување во НАТО, изјави Харадинај по средбата.
Гласот „за“ на референдумот за името на Македонија, според Харадинај, е во интерес на Албанците и на стабилноста во регионот, додека евро-атлантската ориентација е гаранција за нивната иднина.
Лидерот на ДПА изјави дека партиите на Албанците во Македонија работат за обезбедување позитивен резултат на референдумот од 30 септември.
- Главно прашање за кое разговаравме денеска беше референдумот во Македонија. Тоа е историски момент за Албанците во Македонија и сите албански политички партии работат во тој аспект, изјави Тачи.
Тој изрази оптимизам дека резултатот на гласањето на референдумот ќе биде позитивен.
- Верувам дека ќе биде позитивен бидејќи тоа му го должиме на Западот, рече Тачи, додавајќи дека дијалогот меѓу Косово и Србија ќе има ефекти и во Македонија и во регионот.
Говорејќи за внатрешните процеси во Косово, косовскиот премиер рече дека со претседателот Хашим Тачи се сретнува постојано, разговараат за сите теми и имаат различни ставови за финалниот договор со Србија.
- Мислам дека Косово, освен што има големи болки, сепак наоѓа сили да чекори напред кон НАТО и ЕУ. Многу сме заинтересирани за изнаоѓање решение, но ова не може да се постигне преку размена на територии и менување граници, рече Харадинај по средбата со Тачи.
Ново на Сител
-
Македонија платила над 7 милијарди евра за увозна храна за 10 години, додека младите „бегаат“ од земјоделие
-
Поскапува парното во Скопје - РКЕ донесе одлука за зголемување на цената за 5 отсто
-
Од понеделник парите од Унгарскиот кредит достапни за фирмите
-
Граѓаните на протест на Партизанска бараат одговорност од обвинителствтото и судството
-
Во живо од терен - дали граѓаните ги бојкотираат маркетите?
-
Димитриевска - Кочоска: Институциите да проверат зошто маркетите билдаат огромни профити
-
Филипче од Хрватска - Владата има обврска да ги заштити граѓаните од високите цени
-
Струмичани утре излегуваат на протест против загадениот воздух