Харадинај: Курти е одговорен за евентуалното загрозување на партнерството со САД
Поранешниот косовски премиер, лидерот на Алијансата за иднината на Косово (ААК), Рамуш Харадинај ја осуди вчерашната изјава на портпаролот на Владата на Албин Курти, Прпарим Криезиу дека договорот кој лани во Вашингтон го потпишаа челниците на Косово и Србија „нема правна моќ“, јави дописникот на МИА од Приштина.
Харадинај порача дека доколку Курти не ја демантира таа изјава, тогаш „тој ја презема сета одговорност за загрозувањето на стратешкото партнерство“ со САД.
– Владата на Курти изјавила дека единствениот договор меѓу Косово и Србија, кој е потпишан во Белата Куќа, да ти бил правно безвреден. Доколку премиерот не ја демантира оваа изјава на неговиот портпарол, тогаш тој ја презема сета одговорност за загрозувањето на стратешкото партнерство со Америка, кое е од животно значење за Косово, напиша Харадинај на неговата страница на Фејсбук.
Според лидерот на опозициската ААК, „такво нешто не може да направи никој, ниедна влада и ниеден премиер“.
Претходниот косовски премиер, Авдулах Хоти и српскиот претседател Александар Вучиќ минатиот септември во Вашингтон, со посредство и во присуство на тогашниот американски претседател Доналд Трамп, потпишаа договор за подобрување на економската соработка, кој, меѓу другото, резултира и со признавање на независноста на Косово од страна на Израел.
Администрацијата на новиот американски претседател, Џо Бајден го поддржа Вашингтонскиот договор и порача дека тој „треба да биде патот на соработката и напредокот“ во односите меѓу Приштина и Белград.
Ново на Сител
-

Teма на денот со Оливер Спасовски
-

25 години од Охридскиот рамковен договор
-

Артан Груби заработи обвинение, се бара и продолжување на домашниот притвор
-

Кој стои зад информациите дека водата во Скопје наводно е небезбедна за пиење?
-

Петрушевски: СДС е како бунар без дно за ширење паника што станува опасно за граѓаните
-

Борозан: Власта веднаш да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите
-

Се чисти депонијата кај изворот Рашче
-

25 години Рамковен договор: Стабилноста се гради со дијалог, а иднината со инвестиции
