Харадинај: Ќе ја задржам Србија надвор од Косово
Косовскиот премиер во оставка Рамуш Харадинај порача денеска дека Србија никогаш веќе нема да има работа во Косово и дека државата го има суверениетот врз целата своја територија, јави дописникот на МИА од Приштина.
По повод последните написи во српскиот печат дека наводно постојат сведоштва за негови воени злосторства, Харадинај на својата страница на Фејсбук напиша дека таквите информации доаѓаат од „остатоците“ на режимот на поранешниот српски лидер Слободан Милошевиќ.
– Остатоците на Милошевиќ не престануваат! Ниту јас нема да престанам да ја држам Србија надвор од Косово. Ја зајакнавме нашата држава со војска и преку таксите го заштитивме нашиот пазар. Косово е суверена држава на сета своја територија и Србија веќе никогаш нема да има работа тука – порача Харадинај.
Поранешниот заменик-обвинител на Србија за воени злосторства, Драгољуб Станковиќ во интервју за белградска „Политика“ изјави дека Харадинај од Хашкиот трибунал за воени злосторства во 2008 беше ослободен од вината за дела од 1 март до 30 септември 1998. Меѓутоа, вели Станковиќ, новиот меѓународен Суд за воени злосотрства во Косово, кој минатиот месец го повика Харадинај на распит во својство на осомничен, ќе го суди за злосторства по споменатиот период, за што српското обвинителство наводно располага со докази и истите ги доставило на судот.
Ново на Сител
-
Акциска контрола на СВР Скопје и Државниот инспекторат за транспорт, изречени 38 санкции
-
Биди храбар, успехот ќе се случи | Филип Поповски | Личен развој | Sitel Podcast 091
-
Определени мерки за претпазливост за шест од вкупно седум полициски службеници осомничени за пожарот во Кочани
-
Избрана е новата Влада на Србија, Ѓуро Мацут - нов премиер
-
Обвинителство: Се прибираат докази во истрагата за пожарот во „Пулс“, издадени наредби за вештачење на над 70 мобилни телефони и 30-тина компјутери
-
Шестмина полициски службеници за кои се бараат мерки за претпазливост во врска со пожарот во Кочани изведени пред судија на претходна постапка
-
Четворица осомничени за тешки кражби од објект на ЈП МЖ Инфраструктура – Скопје
-
Манифестација „Шарено велигденско јајце“ во штипскиот Центар за култура