Харадинај е оптимист дека Косово ќе добие визна либерализација во јуни

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави денеска дека верува оти во јуни годинава граѓаните на Косово ќе можат слободно, без визи, да патуваат во Шенген зоната, јави дописникот на МИА од Приштина.
Харадинај својот оптимизам за скорешно укинување на визите го поткрепи со изјавата на германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас, кој во интервју за весникот „Штутгартер Нахрихтен“ истакна дека „реформите кои се направени таму (во Косово) се импресивни и тоа треба да се признае“.
– Затоа ја нагласив оваа изјава на германскиот министер, кој вели дека реформите се за почит. Поаѓајќи од оваа оценка јас мислам дека одиме кон либерализација. Јас се надевам многу дека во јуни годинава ќе го добиеме тоа што ни следува, односно визната либерализација, изјави Харадинај на денешната комеморација по повод 29-годишнината од убиството на косовскиот политички емигрант во Белгија, Енвер Хадри.
Ново на Сител
-

Ден по големото невреме што го погоди Скопје
-

Во Гостивар состојбата се следи тековно
-

Реконструирано одделението за трауматологија во ЈЗУ Универзитетска Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“
-

Втор ден од официјалната посета на претседателката на Индија во Македонија
-

Незадоволство во Ѓуземелци, од Општина Лозово велат дека се дезинформации
-

Тема на денот со доктор Драган Даниловски
-

Големо невреме го зафати Скопје
-

Преглед на вестите од светот
