Харадинај до Вучиќ: Ќе одговараш за обидите за дестабилизација на Косово
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај му порача денеска на претседателот на Србија Александар Вучиќ да се откаже од неговото „измамничко сценарио за дестабилизација на Косово“, бидејќи за тоа, како што вели, ќе сноси одговорност.
Како што јави дописникот на МИА од Приштина, Харадинај преку својот Твитер, исто така порача дека неговата Влада „ќе ги поддржи и заштити сопствените граѓани во северно Косово“.
– Драг Александар Вучиќ, те повикувам да не го спроведуваш твоето добро познато измамничко сценарио за дестабилизација на северно Косово. Лажната „хуманитарна криза“ нема никогаш да послужи како покритие за твоите дестабилизирачки намери и ти ќе се сметаш за одговорен. Косово ќе ги поддржи и заштити сопствените граѓани во северно Косово, напиша Харадинај.
Косовските Срби во четирите општини во северно Косово во кои се мнозинство од вчера ги затворија трговските и угостителските објекти и аптеките, со образложение дека има недостаток на основни намирници откако Владата во Приштина, во ноември минатата година, воведе такса од 100 отсто на увозот од Србија и Босна и Херцеговина.
Владата на Харадинај, со поддршка на косовските бизниси, вчера одговори со поставување привремени продажни пунктови во местата населени со Срби, на кои граѓаните можат да се снабдат со сите основни животни намирници.
Косовските власти и медиумите на албански јазик тврдат дека овие дејствија на локалните српски водачи, по инструкции на Белград и со логистика на криминалното подземје и на нелегалната организација „Цивилна заштита“, се со цел да се инсценира хуманитарна криза, што би требала да резултира со дестабилизација на земјата.
Харадинај минатата недела изјави дека надлежните служби имаат сознанија и докази за плановите на Белград за предизвикување вештачка хуманитарна криза и дека Владата ќе ги преземе сите потребни дејствија за на жителите во тие области да не им недостасува ниту една животна намирница.
Ново на Сител
-
ЦУК: 27 пожари на отворен простор, активни два и еден под контрола
-
Илјадници демонстранти во Тел Авив побараа крај на војната во Газа
-
Дачиќ за вчерашните протести: Повреден жандарм, уапсени 18 лица, воспоставен ред и мир
-
Сончево утро, нестабилно попладне
-
Али: Локализиран пожарот над Лојане, селото целосно заштитено
-
Влеговме во Гинис и направивме реално шоу како се гради стартап | Сања Митровска | Sitel Podcast 109
-
На „Табановце се чека околу 40 минути за излез од државата
-
Поради пожарот во „Јасен“, затворен регионалниот пат Македонски Брод - Скопје