-->
-->
Харадинај: Американските сенатори не бараа од Приштина компромис со Белград
-->

Косовскиот премиер во оставка, Рамуш Харадинај, изјави дека на средбата со американските сенатори Рон Џонсон и Крис Марфи од него не било барано да се пронајде „одреден компромис“ во односите со Белград.
- Не беше баран одреден компромис со Србија. Ја искористив приликата да потврдам дека Косово е стоотстотно суверена држава и дека сме подготвени да постигнеме договор со Србија за меѓусебно признавање во постојните граници, доколку тие бидат подготвени на тоа, кажа Харадинај , пренесен од Косовапрес.
Харадинај додаде дека „ разбирливо е во случај на спогодба да дојде до обновување на трговските односи меѓу Белград и Приштина“, пренесува Косово.онлајн.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Неда Чаловска Димовска, адвокатка и активистка
-

Подигнување на свест за машкото здравје
-

Горивата остануваат најевтини во регионот, опозицијата предупредува на „финансиски крах“
-

СДСМ го промовира фронтот за вистина и правда - најави закон за нулта толеранција на корупција
-

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителката Коларевиќ ги спасува кадрите на СДСМ и ДУИ
-

19-годишник уби 18-годишник со пиштол, заврши зад решетки
-

Метеоропатитите најмногу погодени од честите временски промени
-

Инвестиции на истокот - Мицкоски во Виница
