Свет
13. November 2015 - 23:40

ХАОС ВО ПАРИЗ: Најмалку 40 мртви, 60 заложници!

Во моментов во Париз во тек е заложничка драма во концертната сала „Батаклан“ каде 60 лица се држат како заложници.

Француските медиуми јавија дека досега има најмалку 40 мртви од експлозијата на бомби околу стадионот и вооружениот инцидент во ресторан во центарот на Париз.

Ексползиите се случиле недалеkу од националниот стадион, на кој бил и францускиот претседател Франсоа Оланд кој веднаш бил евакуиран.

Според првичните информации, во центарот на Париз одекнале три експлозии, а паралелно се слушале и истрели од автоматско оружје. Вооружениот инцидент започнал во еден камбоџански ресторан, а според француските медиуми, напаѓачот потоа својот крвав поход го продолжил по улиците на Париз.