-->
-->
Хаос на граничниот премин Табановце
-->
Граѓани за влез во Македонија чекаат повеќе од 3 часа на граничниот премин Табановце, дознава Сител.
Станува збор за километарски колони возила.
Граѓаните кои со часови чекаат револтирано коментираат дека за овој временски период не е пуштен ниту еден автомобил. Според кажувањата на очевидци награничниот премин имало зголемено полициско присуство, но нема проток на патници ниту на возила. Револтирани се бидејќи на ниски температури чекаат подолг временски период, но од граничните служби не добивале никаква информација за што се работи.
За што станува збор Сител чека официјална потврда од МВР.
Инаку, гужвите овој период на граничните премини настануваат најчесто поради враќањето на иселениците во Македонија.
Александар Динев
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
По интерпелацијата на Илире Даути, партиите со ставови дали треба да остане на таа функција
-
На Попова Шапка 62 сантиметри снег, во Маврово 57, а во Крушево 39
-
Премиерот Мицкоски ќе ја пушти во употреба делницата Градско - Дреново
-
Грчката амбасадорка ќе го посети Собранието
-
Контингент од 72 мексикански пожарникари се приклучи во гасењето на пожарите во Лос Анџелес
-
Руте: Инвестирајте повеќе во одбраната или почнете да учите руски јазик
-
ЕУ ги продолжи санкциите за поддржувачите на Хамас и Палестински исламски џихад
-
Облачно со темератури под нулата, снег во јужните и југозападните делови од државата