-->
-->
Хан во Скопје на средби со политичките лидери
-->

Еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, денеска во Скопје, на маргините на Министерскиот состанок за Западен Балкан, ќе се сретне со лидерите на политичките партии што се застапени во македонското Собрание.
Тој треба да има одвоени средби со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на СДСМ Зоран Заев, на ДУИ Али Ахмети, на Беса Билал Касами и со Зијадин Села од Алијансата за Албанците.
На средбите се очекува да стане збор за актуелната политичка ситуација во земјата и за разговорите за формирање влада по предвремените парламентарни избори од 11 декември.
Шефот на Делегацијата на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар во вторникот за време на посетата во Прилеп изјави дека Хан ќе има билатерални средби со политичките лидери, како и со други чинители, на кои ќе се информира од прва рака за тоа до каде се работите и на кој начин ЕУ може понатаму да ја поддржи земјата.
Ова е прва посета на еврокосеарот Хан на Македонија по изборите на 11 декември. Во обраќање пред Советот на Европа кон крајот на јануари, Хан изјави дека очекува во земјата брзо да се формира влада поддржана од широко парламентарно мнозинство, која ќе ги спроведе итните реформи и ќе продолжи да отвора европерспективи за земјата, и започнување на преговорите за членство. Покрај итните реформски приоритети, од новата влада се очекува да го реши и прашањето околу разликите за името со Грција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Меморијален турнир во чест на загинатите бранители
-

Мостот на Љубљанска готов до крајот на годината
-

Стереотипите се уште ги кочат мажите да одат на психолог или психијатар
-

Регионално решение за проблемот со кучињата скитници
-

Експерти: Mакедонија доби класични бирократски пораки со умерена реторика од Брисел
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

РKE размислува за повеќе евтина струја преку ден и за викенд, нов модел подготвува и за гасот
-

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
