-->
-->
Хан: Следниот голем бран имигранти во Европа може да дојде од Либан
-->

Следниот голем бран имигранти во Европа можеби ќе дојде од Либан, изјави еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, во интервју за германскиот весник „Велт“.
- Настаните во Либан ме загрижуваат. Ситуацијата е до извесен степен драматична. Имено оттаму може да дојде следниот бран бегалци, рече Хан. Таму прибежиште најдоа 1,2 милиони Сиријци, една третина од населението на Либан и живеат во очајни услови, рече тој.
- Таа земја отсекогаш беше најнестабилна во регионот. Освен тоа, невработеноста е значителна, а државниот долг е прекумерен. Тоа е опасна комбинација, предупреди еврокомесарот за односи соседните земји и преговорите за проширување на ЕУ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Дојава за бомба го испразни „City Mall“
-

Тема на денот со Павле Трајанов, Национален координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам
-

Обвинителството ќе бара лица кај кои се аплицирале недозволените ботокс и филери
-

Естетските корекции не се козметика
-

СДСМ обвинува дека владата на Мицкоски ја водат лажни патриоти со бугарски пасоши
-

Власта и опозицијата се обвинуваат кој ја кочи европската интеграција
-

Од отпад до „црно злато“: Рецепт за здрава Преспа
-

Итно да се преземат еврокодовите за поголема безбедност на градилиштата
