Хан: Широка поддршка за Преспанскиот Договор
Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан прв се огласи во Брисел за исходот од референдум, оценувајќи дека гласовите “за“ на референдумот се значајни и со тоа се дава поддршка на Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Брисел.
- Им честитам на оние кои гласаа денеска на консултативниот референдум и ги искористија своите демократски слободи. Со значајното “да“ има широка поддршка за Преспанскиот Договор и евроатлантската иднина на земјата, напиша Хан на Твитер.
Сега, додаде тој, очекувам сите политички лидери да ја почитуваат оваа одлука и да ја спроведат со голема одговорност и единство ширум партиските линии во интерес на земјата, повика Хан.
Дипломатски извори во Брисел за МИА велат дека се надеваат дека опозицијата “ќе биде поконструктивна од досега“ и дека ќе ја поддржат институционалната процедура.т
Ново на Сител
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Уставни измени
-
Преглед на вестите од светот
-
Редовна седница за пратенички прашања
-
Шилегов со ,,Во бестрага'', ВМРО-ДПМНЕ со критики: СДСМ доби ново раководство
-
Сиљановска во официјална посета на Црна Гора